Радио Милева
го откри нејзиното хоби

Теа Трајковска ги одговори прашалниците што долго им беа дилема на следбениците – пејачката одлучи креативно да го искористи времето што вечност трае (фото)

Теа Трајковска ги одговори прашалниците што долго им беа дилема на следбениците – пејачката одлучи креативно да го искористи времето што вечност трае (фото)

Чекањето секогаш, ама баш секогаш ни се чини вечност. Некои од тоа ги фаќа нервоза, а некои пак знаат како тоа време да го исористат рационално и креативно. Токму тоа го направи македонската пејачка Теа Трајковска која откри за себе дел од приватноста и призна  дека таа не е „риалити персона“ туку сака да остане препознатлива само и само по музиката.

Инстаграм прашалникот кој го направи за време на чекањето таа го сподели со сите фанови, а изнесе и некои приватни тајни од нејзиниот живот.

– Ја чекам мајка ми точно 40 минути во кола – се пожали пејачката на нејзините фанови кои и го исполнија времето и се дружеа со неа за време на моментите поминати во чекање.

Најпрво сите беа заинтересирани за нејзината музика и кога ќе има нешто ново, а Теа со одговорот доста ги израдува.

– Кога нова песна?

– Броиме прсти од една рака.

Едно љубовно прашање беше веднаш на нејзиното мени за одговарање и гласеше:

– Дали би простила неверство ?

– Не  – пресече Теа.

Таа откри и дека сѐ уште не испланирала каде ќе го помине летниот одмор, но како и да е сепак на море ќе оди.

– Каде на одмор – јасно гласеше „Инстаграм“ прашањето.

– Искрено не знам, ама ќе паднат неколку дена на море следната недела.

– Зошто не го експонираш повеќе приватниот живот – беше едно од следните прашања на некој од нејзите многубројни фанови.

– Затоа што сум артист, а не reality personalityи сакам да ме препознаваат по мојата музика, а не по глупости.

– Од колку години сакаше да бидеш пејачка – на што таа одговори дека друга опција во игра воопшто никогаш ниту била:

– Никогаш не сакав да бидам нешто друго ова ми е нешто како „вистинска љубов“.

Пејачката без проблем го откри нејзиното хоби, а тоа што неа во слободно време ја интересира е што велат ѕвездите, ама оние во хороскопот.

Претпоставуваме, мајка и дошла брзо па, прашањата беа тие без селекција и менување, а Теа со автомобилот среќно и исполнето си заминала без никакви драми.

Фото: Принтскрин/Инстаграм.Теа Трајковска

Останати вести од Радио Милева