Радио Милева
нешто лично

Тамара Тодевска искрено и отворено на секој поставен прашалник: „Тагата ја запалив и си заминав!“ (фото)

Тамара Тодевска искрено и отворено на секој поставен прашалник: „Тагата ја запалив и си заминав!“ (фото)

Тамара Тодевска  откако го издаде синглот „Нијагара“, мобилниот сигурнио и е почесто во рацете од вообичаено, за да прочита, врати, види пораки, коментари…

Причина за тоа се лавината од позитивни реакции на публиката за нејзиното првенче како автор на музика и текст во тандем со Лазар Цветковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Веднаш по премиерата на социјалните мрежи и Јутјуб, увото на слушателот знаеше да го препознае квалитетот и светскиот тренд на популарната музика. Она за кое доплнително се отворија коментари и се поставија дилеми, е тоа дали ова е автобиографска песна на Тамара со симболична порака, на што таа веднаш посочи дека во „Нијагара“ ќе се пронајде баш секој, па сигурно и таа самата со инспирацијата која течела како Нијагара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Текст кој ќе те погоди, вокал кој те наежи и спот кој визуелно ќе ја спои и надополни целата приказна од песната.

Иако периодов и е доста резервиран само за децата, особено за Хана која неодамна мораше да направи мала интервенција, Тамара најде време да се посвети и на своите фанови и следбеници, па да одговара на прашања на социјалнта мрежа Инстаграм.

Меѓу повеќето таа откри дека интервенциијата на Хана била на крајниците, па и покрај се’што и се случувало периодов, успева да се држи.

Меѓу поинтересните прашања кои ги доби беше она што еден од фановите употреби стихови од нејзиниот хит „Довидување таго“.

Дали се уште имаш мисли скитници, и дали и кажа довидување на тагата?- по што следеше краток и јасен одговор:

-Ја запалив и си заминав…

Следеа уште многу прашања меѓу кои и она дали размислува да се врати на Евровизија?

-Секогаш- повторно беше концизна Тамара.

А кога сме кај стравовите, имаше само една потврда, дека најизразен е од височина.

Веруваме дека најубаво говорат емоциите преточени во песна, толку длабоки, искрени и лични.

Затоа,  „Нијагара“ секој би можел би можел да ја стави на „рипит“ и да добие многу одговори.

фото:Инстаграм принтскрин/тамара тодевска

Останати вести од Радио Милева