Радио Милева
без его и суета

Тамара Тодевска е „опседната“ со Јана Бурче, а за тоа јавно и укажа (видео)

Тамара Тодевска е „опседната“ со Јана Бурче, а за тоа јавно и укажа (видео)

За еден пејач нема поголема сатисфакција од тоа штотуку издадената песна истантно да стане хит, публиката да ја пее од стих до стих, а особено задоволството е на врвот ако истата е и лично – авторско дело.

Еден таков пример е најновата песна на Тамара Тодевска „Нијагара“, која стана заразна за слушање, брои се повеќе прегледи на интернет и споделувања на социјалните мрежи.

Тамара, оправдано од среќна посреќна. Тргнувајќи од себе, таа несебично, без его и суета, реши јавно да и поласка на својата колешка, пејачката и водителка Јана Бурче, која ја промовира својата „Home alone“ заедно со спот.

Музиката и аранжманот се на Драги Иванов, додека текстот на самата Бурче. Тамара стави јасно до знаење дека несебично ги поддржува и ги следите новините кај своите колеги.

„Опседната“, напиша во описот на кусото „стори“ од новата песна на Бурче.

Освен Тамара за „Home alone“ на Јана и поласкаа и Калиопи, ПолинаТасева, Мијата…

Инаку, станува збор за електронска песна во модерен ритам која потсетува на стилот на англискиот бенд „Портисхед’ отпеана на англиски јазик.

Истата е комплетирана и со видео спот кој е драматично театрален во совршен спој со музичкото парче.

фото:Инстагграм принтскрин/тамара тодевска/јана бурче

Останати вести од Радио Милева