Радио Милева
поддршка

Тамара Милутиновиќ по свадбата ги откри плановите за иднината, а за кариерата сепак ќе го послуша советот од сопругот (фото)

Тамара Милутиновиќ по свадбата ги откри плановите за иднината, а за кариерата сепак ќе го послуша советот од сопругот (фото)

Тамара Милутиновиќ изјави дека нејзиниот сопруг ја поддржува во кариерата, бидејќи верува дека е родена за пејачка, поради што е пресреќна бидејќи мислела дека никогаш нема да најде некој кој ќе може да ја следи во нејзината работа.

Поранешната натпреварувачка на „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Тамара Милутиновиќ на својот роденден на 25 април го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, фудбалерот Дарко Јевтиќ, а венчавката беше договорена за тесен круг луѓе на фармата на Наташа Беквалац. .

Иако во јавноста се чини дека се се случило брзо, пејачката истакна дека тоа не е така, а во еден момент ги откри и плановите за иднината во однос на кариерата, со оглед на тоа дека е во благословена состојба.

– Иако се чини дека сè помина брзо, всушност не е така. Долго сме заедно, не сакав да госервирам приватниот живот на тацна затоа што тогаш што ќе ми остане? Долго работевме на потомство, а јас сакав девојче – изјавила пејачката.

На прашањето дали размислува за кариерата по породувањето, Тамара одговорила:

– Дефинитивно, не сакам да се откажам од музиката бидејќи тоа е мојата прва љубов. Го сакам тоа што мојот сопруг се согласува да останам во музиката засекогаш затоа што мисли дека сум родена за тоа. Мислам дека најважно е да имаш партнер кој ќе те поддржува во се. Денес е многу тешко, мислев дека никогаш нема да сретнам некој кој би сакал да ме знае онаква каква што навистина сум – објасни Тамара.

Пејачката истакна дека сака што повеќе да и се посвети на кариерата, а од друга страна дека ќе биде мајка која нема да се раздели од својата ќерка.

– Сакам да гостувам во емисии, сакам да снимам спот, а потоа да издадам песна кога ќе се роди бебето, но знам каква личност сум и дека секој момент ќе сакам да го поминам со ќерка ми и следејќи ја секој ден и секое движење. Не знам што ќе биде утре –изјавила пејачката.

Фото: Александар Jовановиќ Циле/ Инстаграм

Останати вести од Радио Милева