Радио Милева
И повеќе од горди

Тамара ја лансираше Македонија на врвот: Гордо и маестрално ја сменивме македонската историја на Евровизија, а на Европа и покажавме како се пее!

Тамара ја лансираше Македонија на врвот: Гордо и маестрално ја сменивме македонската историја на Евровизија, а на Европа и покажавме како се пее!
фото:фејсбук/костапетров

Тамара Тодевска со својата изведба и пласман на 64-то издание на Евровизија, ја остави својата нација без здив како никогаш досега.

За оние кои не веруваа дека може да се случи нешто вакво, имаше доволно време дури да размислат и како Македонија ќе ја гради салата по нашата победа, откако повеќе од половина час „Proud“ беше на првата позиција според гласовите на жирито од 41 земја.

Настапивме осми по ред во првата половина на финалето, а иако обложувалниците прогнозираа дека ќе завршиме од 14-та до 12-та позиција, крајот покажа поинаку.

Уште на почеток гласовите од жирито ги добивме речиси од секоја семја, а 12 поени имавме од  Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Швајцарија и Србија. Токму кога имавме повеќе од 30 поени пред Шведска, гласањето на Словенија беше пресекот кога падна нашето бодовно салдо, а исто така и само 1 поен од јужните соседи.

Сепак, токму таквата возбудувачка бодовна позиција, која никогаш не сме ја почувствувале, не натера да бидеме еуфорични и да помислиме дека ете и ние можеме, со маестралниот вокал на Тамара која на Евровизија одржа час по пеење и емоција на сцената.

Бевме горди со постигнатото на нашиот тим! Се водевме по мотото на натпреварот „Осмели се да сонуваш“, а ние освен сонот, знаевме како напорно да работиме со селкцијата на вистинските!

Со гласањето на жирото „Proud“ заврши на второ место со само 2 поена зад Шведска. И токму кога не очекувавме, на крајот се случи пресврт, па по гласовите на публиката добивме скромни 58 бода и завршивме на осмото место на финалната табела со  295 поени.

Тамара Тодевска неколку часа по возбидливото евровизиско финале во Израел се огласи на својот Инсатграм и напиша:

Ова се само некои од луѓето кои направија мојот сон да се исполни. Бидете опкружени со вистинските луѓе и верувајте ми, секогаш ќе бидете горди! – пишува Тамара на својот Инсатграм профил.

Македонија ја промени својата историја на Евровизија и добивме пласман со 4 места погоре, а со тоа за првпат влеговме во најдобрите или ТОП 10.

„Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.

Останати вести од Радио Милева