Радио Милева
во силна конкуренција

Таа сега е единствен женски кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, а претходно беше близу до победа: Реакциите на жирито за настапот на Андријана Петрушовска поделени, а оценките сосема неочекувани (видео)

Таа сега е единствен женски кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, а претходно беше близу до победа: Реакциите на жирито за настапот на Андријана Петрушовска поделени, а оценките сосема неочекувани (видео)

Минатата сезона од талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“, атрактивната и талентирана 24 годиншна кандидатка од Скопје, Андријана Петрушовска стигна до финале. Тогаш под менторство на Ѓорѓе Давид Андријана најчесто избираше поп-рок песни и важеше за една од најдобрите натпреварувачи, па така се испостави до самиот крај кога победата и изгега за влакно.

Оваа нова и тековна сезона Андријана се реши повторно да се проба, ако ништо друго барем за реклама и константна актуелност на ТВ екраните од најгледачиот музички формат. Па така, сега во сосема поинакво светсло, од стајлинг и музички избор, Петрушовска застана да пее пред жирито на Гранд и тоа во дуел со Шејла Зониќ (29) Од Тузла која беше воодушевувачко музичко откритие на вечерта.

Иако беше вокално феноменална, Андријана за разлика од минатата сезона кога ги собираше сите 6-ки, сега во силната конкуренција освои само еден глас. Таа сега беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ и се претстави со песните: „Златен ден“ и „ Иванова Корита“.

Саша Поповиќ истакна дека ова е интересен и пред се квалитетен дуел, бидејќи и двete кандидатkи буквално „го срушија“ студиото.

Сепак, со оглед на оценките, мислењето на жирито во однос на македонската кандидатска беше поделен. Прва се огласи Ана Бкута која и порача дека требало попаметно да одбира песни.
Мили пак и кажа дека се подобрила од минатата сеозна што ја изнервира Вики Миљковиќ, која тврди дека Петрушовска минатата сезона била во финалето и дека е маестрален кандидат, а ваквите коментари се излишни за некој што бил во финале.

Повторното појавување на Андријана предизвика полемика меѓу членовите на жирито, а Саша Поповиќ реши да открие зошто направил преседан во нејзиниот случај.

– Таа е единствената избрана кандидатка која беше во финалето, а се уште е во конкуренција. Тоа го направивме во последен момент, откако еден кандидат отпадна. Ова беше преседан. Имаме многу девојки од Србија, Црна Гора и Босна, но само таа од Македонија – објасни тој, по што Бекута додаде дека Петрушовска е одлична кандидатка, но дека вечерва имала сериозен противник.


По долгата дискусија која траеше подолго од пеењето, Андријана Петрушовска со еден глас замина во бараж, но таму ќе беше апсурд ако отпаднеше, а разбирливо се случи она што требаше – одлука да ја гледаме повторно.

фото: Grand.nova.rs/Grand Online printskrin

Останати вести од Радио Милева