Радио Милева
нови видици

Светот на Мими и Филип Нуне се смени од корен, а виновникот е мал, но толку голем (фото)

Светот на Мими и Филип Нуне се смени од корен, а виновникот е мал, но толку голем (фото)

Ако до пред седум месеци за музичко брачната двојка Мими и Филип Нуне, се’ се вртеше околу меѓусебната љубов која од врска премина во брак, сега нештата сосема се сменија.

Виновникот за тоа е мал, а всушност толку голем во нивните срце – наследникот Никола кој на свет дојде пред седум месеци. Уште откако се роди во една приватна клиника во Скопје, гордите родители не сакаа да бидат од оние што не преферираат да го покажуваат бебето, туку напротив, тато Филип го покажа уште по самото раѓање.

 

Држејќи го во прегратка, со љубов во очите која ќе ја има за навек, Филип имаше потреба тоа да го видат и знаат сите преку неговата објава на социјалните мрежи. По истите правила се водат и по неколку месеци, па така, Нуневци редовно пред очите на јавноста покажуваат како расте нивниот Никола.

Мама на прошетка со бебето во парк, фотографии после бањање и уште некои такви слични кои редовно им прават мерак на сите родители, па разбирливо и нив.

Познатите мама и тато направија фотосесија уште дедека Мими беше бремена, а со истото продолжуваат и сега.

Дека цветаат од убаво им е евидентно, новите видици се други и поинакви, а кога љубовта ќе се мултиплицира тоа изгледа баш така. Оттука, оправдано повеќе го гледаме бебето отколку новителите на музички палн кои не значи дека стагнираат, туку приоритетот во секој поглед го има друг.

фото: Instagram printskreen / filip_nune / mimijovanovskaa

Останати вести од Радио Милева