Радио Милева
оригинал фалсификати

Сведокот разјасни: Ова е вистината за аферата со лажните куфери „Луј Витон“ за кој пред 10 години Дара Бубамара платила 5.000 франци (ФОТО)

Сведокот разјасни: Ова е вистината за аферата со лажните куфери „Луј Витон“ за кој пред 10 години Дара Бубамара платила 5.000 франци (ФОТО)

Српската пејачка Дара Бубамара со години се фали со своето богатство и колку заработува, но вистинската ситуација излезе на виделина, а тоа е додека пејачката била задржана на аеродром поради лажните Луј Витон куфери.

Имено, во 2012 година Дара наводно искеширала 5.000 швајцарски франци на аеродромот во Цирих, за да ја плати казната поради поседување на копија од куферите на „Луј Витон“.

„Влечеше два куфери, а од еднаш и пријдоа неколку службеници со легитимации“ – открива добро упатен извор.

„Дара првично беше збунета, ги спушти куферите и проба да разбере што и велат службениците, па одеднаш поцрвене во лицето. Околу неа се собраа луѓе кои пробуваа да дознаат за што се работи. Таа ги отвори двата куфери и за брзо почна да ги преместува алиштата во најлонска кеса, а куферите веднаш и беа запленети, бидејќи се дозна дека и се копија. Дара поради тоа мораше да плати казна од 5.000 швајцарски франци, но срамот и потсмевот на присутните во тој момент беше поголем од паричната казна“, додава изворот.

„Пејачката потоа продолжи со кеси во рацете каде и беа ставени алиштата, додека лажните куфери и беа одземени од службените лица. Потоа Дара им спушташе слушалка на новинарите кога ќе ја прашаа околу оваа случка“ – тврди изворот..

-Последните десет години вложувам во кариерата, па сите пари ги трошам на чанти. Понекогаш мислам дека сум болна колку ги имам. Не можам да поверувам дека нашите пејачи не се бунат кога ќе се напише нешто такво за нив. Тие мислат дека тоа е маркетинг. Каков маркетинг? Мене не ми е потребна лоша реклама, изјавила Дара.

Фото: Инстаграм принтскрин/darabubamara_official

Останати вести од Радио Милева