Радио Милева
слатка одмазда

Столе му врати „мило за драго“ на Депај, а го смени и Куман: Македонскиот репрезентативен голман „причина повеќе“ за отказот на тренерот на Барса (ФОТО)

Столе му врати „мило за драго“ на Депај, а го смени и Куман: Македонскиот репрезентативен голман „причина повеќе“ за отказот на тренерот на Барса (ФОТО)

Холанѓанецот Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври.

– Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите.

Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои се извојувани 40 победи.

Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања.

Причина повеќе за отказот на Холаѓанецот на кормилото на Барса беше синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано од 1:0, натпревар во кој брилијантна партија на голот на домаќините имаше нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Тој бранеше одлично, на моменти дури и феноменално, откако одбрани неколку тешки топки, а клучниот момент дојде во 72. минута кога Столе му го фати пеналот на Мемфис Депај. Неколку минути пред крајот кога аут судијата погреши најпрвин покажувајќи офсајд, а потоа го спушти знаменцето и дозволи играта да продолжи откако целата одбрана на домаќините веќе застана, Кун Агуеро се најде очи в очи со нашиот голман, но од само пет мери не успеа да го совлада неверојатниот Димитриевски.

Така Столе стана најзаслужниот за победата на Рајо, која ја прели чашата и придонесе за експесниот отказ длабоко во ноќта на Роналд Куман на клупата на Барселона.

Во исто време тоа беше и еден вид на слатка одмазда на Димитриевски кон Мемфис Депај, кој го постигна првиот гол на мечот Холандија-Македонија на последното ЕУРО 2020, при поразот на нашата репрезентација од 3:0.

Токму затоа на официјалниот Инстаграм профил на ФФМ, беше споделена фотографијата од еден дуел на Димитриевски и Депај од тој меч, покрај која осамна статус:

„Мило за драго“!

Фото: Инстаграм притскрин/ffmacedonia/гол.мк

 

Останати вести од Радио Милева