Радио Милева
без комлекси

Стоја дефинитивно е институција: „Кој му е жешко, нека си купи куќа на море“ (ФОТО)

Стоја дефинитивно е институција: „Кој му е жешко, нека си купи куќа на море“ (ФОТО)

Пејачката Стоја едвај го дочека летото за да се опушти на некој од блиските морски одмаралишта и да ужива во сите привлечности на најубавото годишно доба.

Иако има закажано настапи во текот на целата летна сезона, пејачката наоѓа слободно време да ги наполни батериите, што моментално и го прави во Хрватска, каде што ги контактирала своите следбеници.

Имено, Стоја објави фотографија во костим за капење на која позира за селфи со шапка на главата без да го крие телото.

„На кој му е жешко нека си купи куќа покрај море“ – се пошегува пејачката, а следеа бројни коментари и комплименти за нејзиниот изглед.

„Не можам да изгледам како пред дваесет години,  десет, пет, три… Сите старееме некако и нашите лица и тела се менуваат, дури и нашата харизма се менува. Не можам да изгледам исто како кога имав дваесет години. Не се натпреварувам со девојки кои сега имаат 25-30 години, тие се во цутот на младоста  и сега изгледаат најдобро. Не е само на естрадата, не знам што се случува, постарите жени сакаат да бидат девојки“ – вели таа и признава што сменила на себе досега со помош на естетската хирургија.

Фото: Инстаграм принтскрин/stoja_institucija

Останати вести од Радио Милева