Мегафон

Стартува гласањето за Јуниорски Евросонг 2023 (ВИДЕО)

Стартува гласањето за Јуниорски Евросонг 2023 (ВИДЕО)

Гласајќи на Интернет и вие можете да учествувате во изборот на победник на Јуниорскиот Евросонг 2023.

Без разлика каде и да сте во светот, овој петок, 24-ти ноември, може да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv каде што можете да ги погледнете кратките прегледи од земјите учеснички.

Потоа имате право да гласате за тројца ваши фаворити вклучувајќи ја и својата земја доколку учествува на натпреварот. Пред да почне настапот во живо, во недела, 26-ти ноември, гласањето привремено ќе се затвори. По завршувањето на шоуто гласањето повторно се отвора во времетраење од 15 минути.

Вашите гласови потоа се праќаат на гласачки тим, кој ги претвора гласовите во поени, а за другата половина од гласовите одлучува професионално жири.

Како и секогаш, песната со најмногу поени ќе победи.

Затоа, поддржете ги вашите фаворити и гласајте на jesc.tv!