Радио Милева
за во споменар, а не за на екран...

Старлетата и се „истури“ на водителката: „Фреквенцијата на нејзиниот глас убива молци!“

Старлетата и се „истури“ на водителката: „Фреквенцијата на нејзиниот глас убива молци!“

Додека јавните личности од светот на шоу – бизнисот се’ повеќе се обидуваат да испраќаат зборови на поддршка едни за сметка на другите, особено кон жените, на Балканот ова изфгледа не е баш вообичаена практика, а старлетата Тамара Ѓуриќ уште еднаш со пример го потврди тоа.

Имено, во своето последно јавно излагање, старлетата од ништо не предизвикана или испровоцирана, јавно  ја прозва ТВ водителката Сања Маринковиќ.

„Колку ме нервира бојата на нејзиниот глас, тонот и нејзината фреквенција што убива молци во мојот стан. Таа е толку смешна жена, со таа голема глава во однос на тоа мало тело“ – изјавила Тамара за српски „Еспресо“.

„Преискварцана, евтина… И нејзината фризура во стилот на фризерката Мица… Како  Екстра Нена од 1992 година. Одвратно! Има лик како од споменарите на моите пријателки кога бев мала“.

„Тоа и е само за во споменар, а не за на ТВ екран“ – додаде Ѓуриќ.

Водителката остана без коментар… Засега!

Фото: Инстаграм принтскрин/sanjamarinkovicofficial/

Останати вести од Радио Милева