Радио Милева
едукација низ занимација

Српско – македонски брак: Елена Миленковска го учеше сопругот да зборува на македонски – „За мене најважен јазик е јазикот на љубовта“ (видео)

Српско – македонски брак: Елена Миленковска го учеше сопругот да зборува на македонски – „За мене најважен јазик е јазикот на љубовта“ (видео)

Младата пејачка Елена Миленковска публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Елена учестуваше во сезоната 2019 година кога беше под ментoрство на Ана Бекута и го запозна нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ.

Додека беа во музичкото шоу, Елена и Гуте започнаа врска, набргу се свршија, склопија брак и станаа родители.

Тие го имаат синот Максим на кој секојдневно му го посветуваат свеото внимание и љубов, уживаат во заедничките моменти.

Македонско – српскиот пар е активен на социјалните мрежи па често објавуваат заеднички фотографии, видеа, покажуваат како го поминуваат времето заедно, споделуваат дел од нивните активности.

Неодамна, Елена го учеше Гуте да зборува на македонски јазик. Имено, таа објави видео во кое го учи зборови на македонски јазик.

-Српско – македонски брак. За мене постои само еден јазик – јазик на љубовта. Се останато се учи“, напиша пејачката во описот на видеото.

Елена во друго видео продолжи да го учи сопругот, па така кажуваше речници на српски, а тој требаше да ги каже на македонски јазик.

Во најновото видео, Елена и Гуте читаат брзозборки, Елена на српски јазик, а Гуте на македонски јазик.

Како тоа изгледа, погледнете во видоето подолу.

фото: инстаграм/гуте маринковиќ

Останати вести од Радио Милева