Радио Милева
семејно насилство

Српската старлета Мими – Оро крвнички го претепала родениот брат: Тој завршил во болница, таа во полиција (ФОТО)

Српската старлета Мими – Оро крвнички го претепала родениот брат: Тој завршил во болница, таа во полиција (ФОТО)

Милица Живановиќ (28), српската старлета позната како Мими Оро, беше уапсена вчера во полициска станица во Белград заради семејно насилство. Како што се дознава, таа, наводно, била пријавена од нејзиниот брат Лазар Живановиќ (25), кој во пријавата навел дека неговата сестра крвнички го претепала.

„Нејзиниот брат живее во Јагодина, но тој беше со својата девојка последниот месец кај Мими во Белград. Вчера дошло до бурна расправија меѓу братот и сестрата, што кулминирало со жестока тепачка. Лазар имал видливи повреди на лицето“ – објаснил извор кој е запознаен со случајот. Тој додал дека старлетата се справила со својот брат, крвнички удирајќи го и со раце и со нозе по лицето и телото.


„Не знам за што се расправале, но Лазар имаше длабоки гребаници по лицето“ – објаснил сведокот кој го познава семејството Живановиќ.



Според него, повредениот завршил во болница за да се утврди степенот на повредите. Мими- Оро, по пријавата од братот не се спротивставила на апсењето и во полициската станица не негирала дека го претепала својот брат.

Останати вести од Радио Милева