Радио Милева
убави моменти

Српската блогерка Зоранах не се одвојува од фудбалерот: Еве како го поминуваат времето заедно (фото)

Српската блогерка Зоранах не се одвојува од фудбалерот: Еве како го поминуваат времето заедно (фото)

Блогерката Зорана Јовановиќ, попозната под псевдонимот Зоранах, неодамна ја заинтригира јавноста кога сподели фотографии од идентични места како голманот Елој Рум, кој брани за американскиот клуб Колумбус Кру, а набрзо се дозна дека уживаат во љубовта.

Позната како личност која најмногу го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, овој пат таа направи мал преседан.

По првите заеднички фотографии кои ги споделија на Инстаграм, сега прикачуваат приказни од нивните убави моменти.

Зорана објави момент од заедничкиот дом, каде се гледа како речиси му седи во скут со сите свои миленици и го држи за рака.

Набрзо потоа следеше и споделување на неговата фотографија на која спортистот не ја трга насмевката од лицето додека таа го гледа заљубено. Судејќи по фотографиите, љубовта меѓу двајцата е се посилна.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Зоранах

Останати вести од Радио Милева