Радио Милева
Прво па машко

Среќа најголема: Во домот на Андријана Јаневска се слави, семејството стана поголемо за еден член (фото)

Среќа најголема: Во домот на Андријана Јаневска се слави, семејството стана поголемо за еден член (фото)

Андријана Јаневска се пофали за голема и неизмерна радост во нејзиното семејство кое стана поголемо.

Имено, нејзнината сестра, мецосопранот Николина Јаневска и нејзиниот сопруг, Италијанецот Џанлука, станаа родители за првпат.

Помалата сестра на Андријана роди здраво и живо машко бебе кое го носи името Александар.

Новопеченатата мама несебично пред своите пријатели и следбеници го покажа наследникот на социјалните мрежи со неодолива фотографија за запознавање.

Тета Андријана пак, се пофали на Фејсбук дека станала тетка, а честитките во коментари се редеа до негоглед.

 

За посетување, оперската певица Николина во 2019 се омажи со диригентот Џанлука и направија свадба во Италија, а оттогаш живеат и работат во Милано.

Честитки!

фото: инстаграм принтскрин/фејсбук

Останати вести од Радио Милева