Мегафон
театар

Современа музичка драма: „Само глас“ на „Скопско лето 2021“

Современа музичка драма: „Само глас“ на „Скопско лето 2021“

„Само глас“ од авторката Нина Плавањац е комуникациска современа музичка драма  во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26-ти мај оваа година.

Оваа претстава е закажана во рамките на „Скопско лето“ за 7-ми јули. Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.