Радио Милева
нелојалност или распад на системот?

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ и нејзиниот колега избркани од работа: Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ добија „шут карта“ од ТВ Прва(ФОТО)

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ и нејзиниот колега избркани од работа: Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ добија „шут карта“ од ТВ Прва(ФОТО)

Водителскиот тандем Срѓан Предојевиќ – Јована Јоксимовиќ, не се повеќе на ТВ „Прва“. Иако водителот Срѓан Предојевиќ на својот Инстаграм профил објави дека ќе ја води утринската програма со Јована Јоксимовиќ, денес, понеделник, 21 септември, тоа не беше случај. Како што пишуваат српските медиуми, тој дури и добил забрана за влез во ТВ Прва.

Сега следуваше официјалното соопштение:
Телевизијата „Прва“ реши да ја прекине соработката со Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ поради непочитување на работните обврски – објавено е на Инстаграм профилот „Утро на Прва“.

Имено, како што објави телевизијата „Прва“ на својата веб-страница, Филип Чукановиќ беше водител, а утрово тој со насмевка ги поздрави гледачите и објави што може да очекува милионската публика во продолжението на утринската програма на „Прва“.

Наводно Срѓан утрово дошол во зградата на ТВ „Прва“ пред почетокот на утринската програма, меѓутоа,  бил спречен да влезе во просториите на телевизијата. Како што се наведува, тој се обидел да влезе во зградата „Прва“, но не му било дозволено.

За потсетување Јована Јоксимовиќ е сопруга на пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ, кој лани во Белград отвори своја телевизија или поточно дури три кабелски канали.  Регулаторното тело за електронски медиуми на 4 јуни издало дозвола за кабловска телевизија за три канали – К1 студио, Стајл Фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии припаѓаат на фирмата „Минакорд медиа“, која Јоксимовиќ ја формирал на 17 мај 2019 година.

Стајл Фајл е биде наменета за деца, ТВ ДР за здравство, а К1 – музички канал.

Останати вести од Радио Милева