Мегафон
литературна промоција

Соња Здравковска Андоновиќ ја промовираше новата поетска збирка „Ex Voto“

Соња Здравковска Андоновиќ ја промовираше новата поетска збирка „Ex Voto“

На 13-ти април 2023 (среда), во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје се одржа промоцијата на новата поетска збирка „Ex Voto“ на поетесата Соња Здравковска Андоновиќ.

На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката.

На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката.

Стиховите ги читаше актерката Димитрина Мицкоска, промотор на збирката беше проф. д-р Ана Мартиноска, а модератор на настанот беше Александра Велинова.
Книгата е издание на „Дијалог“ од Скопје.

Авторката Соња Здравковска Андоновиќ е родена на 5.3.1972 година, во Битола. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик во 1996 година. Завршила магистерски студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година.

Таа работи како професорка по македонски јазик и литература во средно образование од 1996 година. Пишува поезија од најрана возраст. Во наставата, своите ученици несебично ги запознава со убавините на пишаниот збор, но и со убавината на македонскиот јазик.