Радио Милева

Со згаснувањето на телевизијата на Боки 13, заврши и водителската криера на Нина, но еве што ново работи денес (фото)

Со згаснувањето на телевизијата на Боки 13, заврши и водителската криера на Нина, но еве што ново работи денес (фото)
фото:инстаграм/николина славковска

Откако фреквенцијата на телевизијата на Боки 13 престана да емитува програма, заврши и водителскиот ангажман на водителакта на забаваната емисија „Ексклузив“, Николина Славковска, како и на голем број од нејзините колеги во телевизијата.

Но животот тече понатаму, па кој како успеа да се снајде, продолжи во медиумите или започна нешто сосема ново како во случајот на Николина.

фото:инсатргам/николина славковска

Имено, Николина или како што милува да се потпишува, Нина Ред, љубовта кон медиумите ја стави на „стенд бај“.

Како што пишува „Слободен печат“, Нина му се врати на танцот, односно сега работи како инструктор по танц во „Сонриса“.

фото:инсатргам/николина славковска

Танцот е нејзина стара љубов, а доколку се сеќавате, претходно можевме да ја глеаме како танцува во спотовите на македонските пејачи.

Камерите повторно ќе бидат пред неа, но микрофонот ќе и фали, барем засега.

фото:инсатргам/николина славковска

За потсетување, Нина најпрвин ја гледавме во естрадниот магазин „Бекстејџ“, па потоа смени екипа и замина во сега згаснатиот „Ексклузив“.

Останати вести од Радио Милева