Мегафон

Следниот вторник ќе се одржи настанот „Од почетник до успешен фриленсер“

Следниот вторник (23.01.2024) со почеток од 18:00 часот во Стартап Клуб Скопје (кај “Среќа Бар”) ќе се одржи новото издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“.

Следниот вторник ќе се одржи настанот „Од почетник до успешен фриленсер“

Настанот е во организација на Импакт Фондација, кои продолжуваат со своите активности за поддршка и развој на фриленс еко-системот во земјава – преку создавање на можности за едукација, споделување на искуства и вмрежување со успешни фриленсери. Импакт Фондација е двигател на позитивни промени, фасилитирање и партнерства за инклузивен економски развој.

Овој настан е втор во низа настани во рамките на проектот “Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024.

Партнери на ова издание се Семос Едукација, од каде се погрижија да обезбедат тројца одлични говорници кои со присутните ќе ги споделат своите фриленсерски експедиции и ќе одговорат на нивните прашања како успешно да се плови во фриленсерските води.

Говорници на настанот ќе бидат: Марија Постоловска (предавач во Семос Едукација), Илија Ќамилов (фриленсер) и Марија Сековска (маркетинг менаџер).

На настанот ќе се презентираат и заклучоци од глобално истражување за состојбата на фриленс индустријата, за најдобро платените фриленсерски кариери, како и за најзначајните трендови во едукацијата која ги обезбедува потребните фриленс вештини за новото време.”- вели Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт Фондација.

Поканети да присуствуваат на настанот се сите оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води, но и веќе активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Присуството на настанот е бесплатно, но поради логистички причини потребно е претходно да извршите регистрација на следниот ЛИНК.

Одржувањето на овој настан е во рамки на проект поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.