Радио Милева
животе сладок си

Славната актерка Џејми Ли Кертис 25 години е чиста и трезна (фото)

Славната актерка Џејми Ли Кертис 25 години е чиста и трезна (фото)

Оскаровката Џејми Ли Кертис има голем повод за славење и причина да се гордее на себе.

Таа на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија на која држи прстен со своите иницијали и бројот 25 испишан со букви.

„25 години чиста и трезна. Ден по ден. 9.125 од нив. Она што е внатре, како што пееше мојот стар пријател Адам, е чувство на мир, ведрина, цел и најголемо чувство дека не сум сама. Дека многу други ја делат истата болест и решение. За сите оние кои се борат со зависноста и срамот, има и други на кои им е грижа. Мојата рака во твојата. Нашите раце во вашите“, напиша таа на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Инаку, актерката и претходно отворено зборуваше за својата борба со зависноста. Во 2019 година, таа за медиумите изјави дека првпат станала зависна откако била подложена на рутинска операција за отстранување на отечените делови од кожата околу очите.

„Ми дадоа Викодин како лек против болка за нешто што не беше навистина болно“, рече таа тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Ли Кертис долго време ја криела својата зависност, но решила да побара помош откако прочитала текст за зависноста од писателот Том Кјарела, кој исто така бил зависен од Викодин. Таа минатата година откри дека сега би била мртва доколку не добиела помош.

„Бев зависник од опијати. Ако фентанилот беше толку лесно достапен како што е денес на улица, ќе бев мртва“, изјави Џејми Ли Кертис во интервјуто.

фото:Instagram printscreen/ jamieleecurtis

Останати вести од Радио Милева