Радио Милева
неуморна провокаторка

Меган Фокс ја подигна вулгарноста на повисоко ниво: Актерката излезе во провод речиси гола (фото)

Меган Фокс ја подигна вулгарноста на повисоко ниво: Актерката излезе во провод речиси гола (фото)

Меган Фокс не се појавува толку често во јавност, но секогаш кога ќе се појави, прави спектакл! Деновиве актерката како и поголемиот дел од холивудската елита престојува во Лас Вегас каде се одржа „Супербол“, а се појави на неколку забави кои се одржаа пред и по самиот спектакл. Но, Меган направи „журка“ и на својот Инстаграм.

Имено, убавата 37-годишна ѕвезда на оваа социјална мрежа сподели серија секси фотографии од хотелот кои едноставно ги опиша со еден збор „Мама“.

На овие фотографии Меган Фокс позира во дводелен комплет во сива боја во кој се упати на ноќно излегување, иако е јасно дека повеќе одговара за спална соба отколку за јавно излегување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Провокативниот комплет се состоеше од гаќички со црна тантела и корсет со врвка кои го истакнаа бујното деколте на холивудската ѕвезда. Меган го заокружи изданието со високи црни каубојски чизми со црвени детали и кожна јакна. Таа се одлучи за силна, „вамп“ шминка и модерна фризура – го следеше таканаречениот тренд на „влажна“ коса.

Фотографиите собраа преку милион лајкови и бројни реакции од корисниците на Инстаграм – некои се воодушевени, но има голема група на оние кои се згрозени од нејзиниот премногу предизвикувачки стил на облекување кој Меган го „турка“ веќе неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

„Некогаш најубавата жена во Холивуд сега изгледа како стриптизета од Вегас“, „Колку кариерата е послаба, толку повеќе голотија“, „Зошто се деградира вака?“, „Многу убава жена која погрешно инсистира на вештачка сексапилност – не ја прави попосакувана“, „Овие се слики на очајна жена која сака внимание, а не самоуверена жена“, се само дел од коментарите.

фото:Instagram printscreen/ meganfox

Останати вести од Радио Милева