Радио Милева
повторно позитивна

Славица Чуктераш повторно заразена со коронавирус

Славица Чуктераш повторно заразена со коронавирус

Пејачката Славица Чуктераш во јули прележа коронавирус, а сега повторно е заразена со вирусот.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ се огласи и откри дека е позитивна на корона поради што ги откажа настапите.

-Настапот кој требаше да се одржи е откажан поради мојот позитивен тест на корона. Се надевам дека ќе се видиме наскоро, бидејќи ми недостига белградската публика. Исто така ги откажувам и настапите за следниот период, но се ќе надополниме, напиша Чуктераш во „Инстаграм стори“.

Инаку, Славица веќе еднаш беше заразена со Ковид 19 и заедно со нејзината колешка Милица Тодоровиќ беа во изолација. Откако прележа корона, Славица се жалеше дека има последици односно дека послабо слуша.

фото: принтскрин/инстаграм/славица чуктераш

Останати вести од Радио Милева