Мегафон

„Скопско лето“: Концерт на Васил Хаџиманов трио насловен “Melody Rhimes“

„Скопско лето“: Концерт на Васил Хаџиманов трио насловен “Melody Rhimes“

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во Куршумли Ан ќе се одржи долго најавуваниот и очекуван концерт на популарното Васил Хаџиманов трио.

Како и секогаш, и овој пат на сцената ќе се појават: Васил Хаџиманов – клавијатури, Мартин Ѓаконовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. На овој концерт триото ќе го промовира новиот албум “Melody Rhymes”, а воедно ќе се претстави и со композиции кои досега биле промовирани и снимени на претходните албуми.

 

Генерален покровител на „Скопско лето“ и годинава е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Република Македонија.

Концертот за Васил Хаџиманов Трио е веќе распродаден!