Радио Милева
разочара

„Скапа жена, евтин стил“: Селма Хаек мета на критики поради изгледот (фото)

„Скапа жена, евтин стил“: Селма Хаек мета на критики поради изгледот (фото)

Познатата мексиканска актерка Салма Хаек и покрај тоа што ја сметаа за олицетворение на убавината и сексапилноста, разочара многу обожаватели со својата тоалета на Мет Гала.

Мексиканско-американската актерка Салма Хаек на својот Инстаграм профил објави фотографија во долг црвен фустан во којапозира на Мет Гала. Сепак, нејзиниот стајлинг разочара многу обожаватели, па доби позитивни, но и негативни реакции.

– Толку скапа жена, но евтин стил – гласи коментарот.

Зошто не ангажира некој да ја научи малку за облека и мода? – прашала друга следбеничка.

-Едвај чекав да го видам нејзиниот стајлинг, а таа ме разочара вака – ова се само дел од коментарите кои следеа по објавувањето на фотографијата на познатата Мексиканка.

Инаку, Хаек еднаш ја откри „тајната состојка“ што ја користи за беспрекорна и младешка кожа.

– Користам екстракт од кора од стеблото од мимоза тенуифлора, кој во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата – изјавила таа за магазинот „Elle“.

Актерката опишува растение кое „расте насекаде околу нас“, а мислејќи на Јужна Америка, од каде што и самата потекнува, бидејќи растението природно не расте во Европа. Изгледа како папрат и има халуциногени својства.

фото:EPA IMAGES

Останати вести од Радио Милева