Радио Милева
со неа и таму каде студи станува жешко

Сите се вртеа по стајлингот кој „го стопи“ снегот на Копаоник: Како што е ред, за Теа Таировиќ рамнодушни нема (фото)

Сите се вртеа по стајлингот кој „го стопи“ снегот на Копаоник: Како што е ред, за Теа Таировиќ рамнодушни нема (фото)

Една од најактуелните и најатрактивните српски пејачки, Теа Таировиќ секојдневно руши рекорди, па истото го направи и пред нејзината публика на Копаоник во еден од најлуксузните хотели.

После бројните концерти во салите, на ред дојде и концерт на најпопуларниот ски-центар.

Спрските медиуми успеаа да ја фатат пред нејзиниот настап, а креацијата која Теа ја носеше ги остави сите без здив.

Теа за спектакуларниот концер одбра потполно проѕирна тоалета која и беше прилепена за телото, со црна постава околу градите.

Оваа креација успеа да ги сврти погледите на сите гости во хотелското лоби, а до израз дојде и нејзиното сексапилно тело и атрибутите со кои Теа располага.

Како што пренесуваат српските медиуми, картите за нејзиниот концерт се распродадени во рекордно време, а огромната сала која се наоѓа во хотелот беше исполента до последно место.

Фото: Printscreen / Instagram / tea_tairovic

Останати вести од Радио Милева