Мегафон

Само три дена до Копаоник Music Week: Теа Таировиќ и Саша Матиќ подготвени за најлудата журка!

Само три дена до Копаоник Music Week: Теа Таировиќ и Саша Матиќ подготвени за најлудата журка!

Подгответе се за незаборавен викенд, бидејќи одбројувањето до најлудата журка започна! Уште само 3 дена нѐ делат од спектаклот што ќе се одржи на најпопуларната зимска дестинација, во рамките на фестивалот Копаоник Music Week, во Event салата на хотелот ГРАНД, на Копаоник. За сите љубители на добрите журки и незаборавниот провод, 15 и 16 февруари се резервирани за два незаборавни концерти на кои ќе блеснат едни од најголемите музички ѕвезди од соседството.

Прва во низата е Теа Таировиќ која ќе ја запали атмосферата во четврток на 15 февруари, додека Саша Матиќ ќе ги разгали сетилата со својата енергија и познатите хитови веќе следната вечер, во петок на 16 февруари. Се очекува вжештена атмосфера и луда забава до длабоко во ноќта со најпознатите изведувачи и одличната продукција на Скајмјузик, која дополнително ќе ги заокружи настапите на овие мега ѕвезди. Доколку сè уште не сте ги обезбедиле билетите, сега е време, а сите детали можете да ги најдете на musicweek.rs.