Радио Милева
негативни коментари

„Силиконската девојка не го дои синот“: Сопругата на Љуба Перучица нападната на социјалните мрежи (фото)

„Силиконската девојка не го дои синот“:  Сопругата на Љуба Перучица нападната на социјалните мрежи (фото)

Пејачот Љуба Перучица и неговата сопруга, водителката Катарина Колозеус неодамна го добија своето прво дете, синот кој го нарекоа Алексеј.

По излегувањето од породилиштето и првата изјава на Катарина за самото породување, на нивните Инстаграм профили се појавија првите семејни фотографии.

Низата убави коментари и најдобри желби прекинаа со негативните зборови кои поединци ги напишаа под сликите, а најмногу ја нападнаа и навредија новопечената мајка.

„Морон кој не дои. Ужас. Модерна силиконска девојка“, беше навредливиот коментар што Катарина го доби и јавно го објави и одговори:

„Веќе неколку пати добив вакви коментари, па се прашувам од каде кај луѓето такви глупости? Дали е тоа чиста злоба или се толку незадоволни од својот мизерен живот, па само бараат начин да се чувствуваат малку подобро?“, одговори Катарина, но не остана на тоа.

„Не си ни родила, а веќе знаеш дека нема да го доиш детето? Зошто таква себичност?“, ѝ напишала друга жена. „Би ти напишала секакви работи во моментов, но ќе се воздржам. Срам да ти е што си го пикаш носот во туѓи работи, а особено треба да се срамиш да извиваш глупости и да измислуваш“, рекла Катарина.

Фотo: Принтскрин/Instagram/ljubaperucica/Katarina_kolozeus

Останати вести од Радио Милева