Радио Милева

Шакира откри зошто не планира да се омажи за Пике: „Не сакам да ме гледа како сопруга, туку како љубовница“

Шакира откри зошто не планира да се омажи за Пике: „Не сакам да ме гледа како сопруга, туку како љубовница“
фото: Профимедиа

Шакира веќе десет години е во врска со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике. И додека светот ја очекува веста за нејзината свадба, таа сега стави крај на приказните.

Пејачката за магазинот „Ола“, откри дека не планира да стапне на луд камен бидејќи се плаши од бракот. Сепак, не станува збор само за страв, туку вели дека нејзиниот партнер со кого има два сина сака да ја гледа како љубовница.

фото: Профимедиа

„Не сакам да се мажам. Искрено, ми е страв од бракот. Не сакам да ме гледа како негова сопруга, туку како девојка, сопруга. Тоа е како забрането овошје, подобро го држам на прсти и мислам дека се е возможно, зависно од неговото однесување“ вели пејачката која Пике го запозна на снимањето на видео записот на песната „Wake wake“.

Тогаш откри не сака фудбал, но не можела да не ја примети убавината на нејзиниот партнер.

„Не сум обожавател на фудбал,  па не ни знаев кој е тој. Но, кога го видов беше многу симпатичен. Тогаш конечно и се запознавме“ вели Шакира.

 

Останати вести од Радио Милева