Радио Милева
приватен момент

„Сестри“: Милена Антовска објави прва фотографија од ќеркичката Јоана (фото)

„Сестри“: Милена Антовска објави прва фотографија од ќеркичката Јоана (фото)

За водителката Милена Антовска 2022 година започна на најубав начин.

Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан по вторпат се реализираа во улогата на родителите и на големиот празник Василица ја добија ќерката Јоана, а нивната ќеркичка доби сестирчка.

Милена за својот 35-ти роденден го доби најубавиот подарок – ќеркичка. Водителката ужива во љубовта и топлата енергија со двете мали наследнички.

Антовска е активна на социјалните мрежи, па и уште кога се роди првата ќеркичка – Лана Марија, таа често споделува заеднички фотографии, снимки на кои покажува како го поминуваат заедничкото време.

И сега набргу по породувањето, Милена ја објави првата фотографија од Јоана. Водителката не го покажа целосно лиценцето на ќеркичката туку како Лана Марија ја држи за раче својата сестричка.

„Сестри“, напиша во описот на фотографијата.

Инаку, Милена за време на бременоста се повлече од ТВ екраните, а на нејзино место на утринската програма на Канал 5 дојде водителката Александра Илиевска.

фото: Инстаграм/milena_antovska

Останати вести од Радио Милева