Радио Милева
презадоволна...

Водителката имаше двоен повод за славење: Милена Антовска врескаше од среќа!  (ФОТО) 

Водителката имаше двоен повод за славење: Милена Антовска врескаше од среќа!  (ФОТО) 

ТВ водителката Милена Антовска – Станковска има двоен повод за славење, па затоа е повеќе од среќна.

И за двата повода заслугата е нејзина, и може слободно да се гордее и да се пофали пред нејзините фанови кои ја следат во секој чекор.

Најпрвин повод за славење за неа беше моментот што одлучила да го освежи изгледот со миди фризура, а од промената е презадоволна.

„Едвај си ја чекам новата фризура“  – напиша таа пред да ја скрати долгата права коса.

Потоа покажа и неколку кадри од големата промена која ја направи, кога црната боја на коса за неколку нијанси се одлучи да ја осветли.

 

Потоа и самата се изненади од новиот изглед, па  од среќа викаше на цел глас.

 

Промената на имиџот секако беше со цел бидејќи како што потсети, таа слави и цели 15 години како е дел од Канал 5 телевизија.

„Нека се множат само со успеси“ – прва и напиша ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски, екс -„Живот со стил“, па  понатаму се редеа  убавите честитки од нејзините колешки, пријатели и следбеници од кои доби многу допаѓања како потврда дека се’ е како што треба.

Фото: printskrin/instgaram/milena_antovska

Останати вести од Радио Милева