Радио Милева
изненадена од реакциите

Селена Гомез ја потврди врската со Бени Бланко но, фановите ја „нападнаа“ поради тоа (фото)

Селена Гомез ја потврди врската со Бени Бланко но, фановите ја „нападнаа“ поради тоа (фото)

По бројните неуспешни романтични врски, пејачката и актерка Селена Гомез ја најде среќата покрај продуцентот Бени Бланко, пријател и соработник на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.

Според медиумите, парот е во романтична врска шест месеци, а Селена врската ја потврди јавно.

– Селена Гомез  навидум потврдува дека е во врска – гласеше натписот на фан страницата Popfaction , а пејачката одговори со: „Факт“.

Таа, исто така, и се допадна фотографија од фан-страница на која пишува: „Се шпекулира дека Селена Гомез излегува со продуцентот Бени Бланко“.

Во еден коментар таа истакна дека Бени и е „апсолутно се“.

– Сè уште е подобар од сите со кои сум била. Факт – додала таа.

– Со мене се однесуваше подобро од кое било човечко суштество на планетата – напишала младата ѕвезда во друга објава.

Сепак, Селена немала поим дека фановите ќе ја нападнат поради нејзината сегашна врска, а колку е изненадена покажува и фактот што во коментарите се „скарала“ со фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jhope 💜 (@popfactions)

Некои обожаватели тврдат дека Бени не е најдобриот избор за неа и дека воопшто не одат заедно, што ја повреди пејачката, а таа на своите фанови им порача:

– Тие што ме сакаат никогаш не би напишале вакво нешто. Тој е мојот избор и јас сум посреќна од било кога.

Фото: Принтскрин/Instagram/selenagomez

Останати вести од Радио Милева