Радио Милева
привилегиран

Се топи до неа додека таа му пее и го мази: Тој има посебно место и третман кај Лара Иванова (видео)

Се топи до неа додека таа му пее и го мази: Тој има посебно место и третман кај Лара Иванова (видео)

Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред две години, Лара Иванова, станува се поактуелна, попопуларна и барана меѓу естрадните имиња.

Таа е меѓу оние што се уште не го веривицирале профилот на Инстаграм, иако има доста следбеници, Лара е млада и скромна, па токму поради тоа можеби и публиката ја сака, а несомнено тука е и талентот кој таа го поседува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)

Неодамна за своите следбеници постави видео на кое ја пееше баладата „What was i made for?“ од Били Ајлиш, а за нежната и емотивна изведба доби грст пофалби и ласкави коментари за светка на пеењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)

Сепак, оној што го украде вниманието беше оној што таа го мази, а тој се кроти и преде во нејзините раце, шарениот мачор кој очигледно и дава позитивна енергија и топли вибрации.

Лара е љубител на животните и не ретно ја гледаме во друштво на крзнени пријатели, но овој домашниот е пред секого и сите, со особена привилегија зад четири ѕида.

фото:Инстаграм принтскрин/Лара Иванова/@gogorzr

Останати вести од Радио Милева