Радио Милева
ставил крај на пороците

Се бореше со зависност, а потоа сврте нов лист! Бредли Купер откри: Ниту една девојка не сакаше ни да ме погледне!

Се бореше со зависност, а потоа сврте нов лист! Бредли Купер откри: Ниту една девојка не сакаше ни да ме погледне!

Во еден подкаст, актерот Бредли Купер зборуваше за своите пороци, односно за зависноста од алкохол и дрога. Поради зависноста добил отказ за време на снимањето на серијата „Алијас“. Тогаш почна, но она што уште повеќе му ги отвори очите беше кога неговиот колега Вил Арнет дојде да провери дали сè е во ред, бидејќи со денови не ги шеташе своите кучиња.

„Имав среќа што тоа се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за ланец ресторани за брза храна. Но, јас дефинитивно не го почувствував тоа. Преселувајќи се во Лос Анџелес за серијата „Алијас“, се чувствував како да сум се вратил во средно училиште: не можев да одам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев тотално депресивен“ – признал актерот.

Тој откри дека неговата зависност од алкохол и дрога започнала пред да ја стекне светската слава со филмот „Мамурлак“.

„Така беше всушност се до „Мамурлак“. Имав 36 години кога го снимав филмот,  па поминав низ сите тие работи пред славата воопшто да влезе во мојот живот секојдневно.  Сето тоа се случи претходно“ – рече тој.

Бредли исто така призна дека Вил Арнет дошол во неговиот дом во 2004 година за да провери дали е добро. Се загрижил кога видел дека Купер не ги шетал своите кучиња.

„Тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Тоа ми го кажа и Вил и ми го промени целиот живот, тоа никогаш нема да го заборавам. Дефинитивно направив големи поместувања од 29  до 34 , кога барем можев да застанам пред некого и да дишам, да слушам и да зборувам“ – додаде тој

Да потсетиме, Бредли Купер од врската со моделот Ирина Шајк ја има четиригодишната ќерка. Иако пред две години ставија точка на врската, тие беа фотографирани заедно во декември минатата година, па ги подгреаа сомнежите дека повторно се во врска.

Фото:Принтскрин/Танјуг ап

Останати вести од Радио Милева