Снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ продолжува и по зимскиот распуст, а Саша Поповиќ веднаш најави големи промени.
Водителката Сања Кужет замина на породилно, поради што на нејзино место ќе дојде Ана Севиќ, а освен тоа сега на снимањето нема да присуствуваат дури двајца членови на жирито.
Како што кажал Поповиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ не дошла бидејќи е болна и има висока температура.
– Расположен сум. Имавме пауза од 100 дена. Продолжуваме со малку изменет тим. Ана Бекута од оправдани причини нема да снима пет емисии, а наместо неа ќе дојде Драган Којиќ Кеба, а бидејќи Цеца вечерва доби температура од 40, денеска ќе ја замени Ивана Питерс – изјави Саша. Саша вели дека прва му паднала на памет Ана Севиќ.
-Кога Сања ми кажа дека е бремена и дека на крајот на февруари ќе биде во петтиот месец, бидејќи тешко ја поднесува бременоста, помислив дека не е добро да продолжи со емисиите. Ана Севиќ веднаш ми падна на памет бидејќи претходно беше водителка. Прво што ја прашав беше како се децата, како изгледаш – рекол тој.
Фото: printskrin/YouTube