Радио Милева
„горда на квадрат“...

Сара Мејс покажа „чија сорта“ е синот, мажот и’ Димитар „си легна на брашното“, ама со утешен коментар: „Само да не е плачко на дедо му“ (ФОТО)

Сара Мејс покажа „чија сорта“ е синот, мажот и’ Димитар „си легна на брашното“, ама со утешен коментар: „Само да не е плачко на дедо му“ (ФОТО)

Нашата пејачка и харфистка Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски се една од оние познати брачни двојки, кои имаат прилично складен брак. Иако обајцата се јавни личности кои се медиумски експонирани, приватноста воопшшто не ја кријат, па дури на сметка на истата си го креваат и личниот и семејниот рејтинг со своите довитливи шеги, постапки, изјави, коментари…

„Брачна игра“ која умешно ја користат од истата не само комфорно да живеат, туку и да профитираат… Понекогаш материјално, понекогаш онака, само заради чиста забава. И своја и на јавноста.

Така овој пат, госпоѓа мама сподели две фотографии, или поточно фото-пози, два лика на една слика, на која направи компарација помеѓу нив. Едната тазе слика симната од патна исправа со ликот на нејзиното неодамна родено синче Кирил, а другата многу постара, на која е нејзиниот татко Тони Костадиновски, како мало детенце, отприлика на истата или нешто поголема возраст од онаа сега на неговото внуче.

„Па не личат многу син ми и татко ми… Кирил (лево),  Тони (десно)…“ – споделила Сара покрај компаративната фотографија, сакајќи да ја потенцира несомнената физичка сличност на дедото и внукот. Патем, сето ова не случајно, особено што потајно намерата и била на својот сопруг Димитар да му покаже и докаже со факти, „чија сорта“ им е синот!

Испровоцираниот татко Димитар, не можеше да одолее да не возврати… До душа со утешен коментар:

„Само да не е плачко на дедо му“

Иако некои од колешките пејачки на Сара Мејс како Биба Додева  на пример, не се согласија со констатацијата кој на кого е „плукната копија“ во ликот, сепак гордата мајка Сара беше упорна во споделувањето на доказите, па на крајот и тато Димитар, сакал или не, мораше „да си легне на брашното“!

„Сега за сега, личат“ – призна тој неволно, на  што мајка Сара беше особено „горда на квадрат“. Ем што вистината е на нејзина страна, ем што „другата брачна страна“ – тоа го призна!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/dimitaratanasovski_/sarahmace__

Останати вести од Радио Милева