Мегафон
новогодишна честитка

Редакцијата на „Вистина“ Ви посакува Среќна Нова 2024 година

Редакцијата на „Вистина“ Ви посакува Среќна Нова 2024 година

Зад нас е уште една година заедничко дружење… Изминаа уште 365 дена заедно од изминатата 2023 година… Ние, редакцијата на Вистина.мк и Вие, нашата верна читателска публика на нашиот портал.

Во овие не баш розови времиња не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, ама и релаксираме и опуштиме … Нам не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово…

Сепак, како и од самиот почеток и годинава се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Издржано четиво за читателите, новинарска „лектира“ за „копи – пејст“ конкуренцијата. Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!

Да сте живи и здрави, радосни и весели, да имате среќна и бериќетна година, многу поубава од оваа која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери!

Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2024 година!