Радио Милева
дај што било

Рада Манојловиќ не води грижа за изгледот, а поради ова издание следбениците и порачаа дека е време да си најде стилист (фото)

Рада Манојловиќ не води грижа за изгледот, а поради ова издание следбениците и порачаа дека е време  да си најде стилист (фото)
фото:рада манојловиќ/инстаграм принтскрин

Пејачката Рада Манојловиќ често добива пофалби за својот изглед, но сега отворено признава дека не се грижи премногу за себе, како што е случајот со повеќето нејзини колешки.

Исто така, не крие дека не вложува многу во својата гардероба. Изгледот на Рада Манојловиќ беше на големо коментиран на настан во главниот град.

Имено, пејачката ги изненади сите кога се појави во целосно проѕирен фустан кој малку криеше.

Таа на насобраните новинари им откри дека за забавата се подготвувала еден час, како и дека сама се шминкала бидејќи немала време да се организира за да оди кај професионален шминкер.

Пејачката од почетокот на кариерата е на мета на модните критичари, а публиката често ја коментира. Некои тврдат дека едноставно нема стил и дека и е последен момент да ангажира стилист, а други ја бранат велејќи дека е преубава и дека што и да облече изгледа убаво.

фото:ATA Images/ Instagram printskrin

Останати вести од Радио Милева