Мегафон

Промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова

Промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова
Промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова со илустрации на Иванка НиБа.
Промотори: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Виолета Танчева-Златева
17 декември, 11:00 часот, Laboratorium kafe – адреса: Бул. Св. Климент Охридски 68 (веднаш до Европски Универзитет)
Си беше еднаш едно девојче, навидум како сите други. Храбро, упорно и силно девојче. Си беше еднаш едно девојче со голем сон. Нејзината истрајност и верба во себе ја водеа по патеката за да го оствари својот сон. А тоа ја направи похрабра, поупорна и посилна. Нејзиниот сон стана реалност.
Да се живее сонот на јаве, онака како што сме си замислиле некогаш, значи вистински да се живее и да се ужива во животот. Прегрнати со верба, проникнати со истрајност и предводени од копнежот, ги освојуваме врвовите кон кои нè води срцето. Желбите стануваат реалност, копнежот – бакнеж, ликот – сјаен, а животот – прегратка.
Проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска во рецензијата за оваа сликовница ќе напише:
„Книгата-сликовница „Највисокиот врв“ од Илина Арсова како дел од едицијата„Светулка 2“ е пишувана со желба да покаже, но и да докаже, како некогашниот детски сон може да стане стварност. „Највисокиот врв“ е исповед за личната самодоверба
на која треба да се работи со денешните деца. Па, така убавата вистинита приказна на познатата планинарка и освојувачка на највисоките светски планински врвови може да стане животна приказна на секое дете, страста на Илина може да се поистовети со страста на кое било дете, но и страста, желбата на Илина да се освои највисокиот врв, може да рабуди некоја заспиена/потисната страст/желба кај некое дете. И пред сѐ, сонот на Илина сака да каже дека сечиј сон е остварлив. Но и да покаже
дека секој може и секој треба да ја раскаже својата приказна. И истата да ја сподели, па и нека не е (рас)кажана или напишана од писател/ка, туку од планинар/ка, како што е и таа самата. А возбудата заради освојувањето на највисокиот врв е суптилно
проследена со разиграните илустрации на Иванка Ниба.“
Психологот и семеен системски советник Тина Чачоровска преку оваа сликовница потсетува:
„Илина со својата сликовница „Највисокиот врв“ ја буди љубовта кон природата, ги учи децата дека секое си има своја ѕвезда, секое од нив има свој сон и дека сосема е природно тој да се разликува од сонот на другите деца. Сликовницата вели: “Поддржувајте ги своите деца, бидете во чекор со нив и нивните цели, постојано бодрете ги и никогаш немојте да ги обесхрабрувате.“ Пораката е јасна и треба да стигне како до секое дете така и до секој родител.“
Чест ќе ни биде Вие и Вашите дечиња да присуствувате на една весела промоција на книга, каде ќе се потсетиме за сите убави нешта кои не опкружуваат и ќе збориме силата, истрајноста и упорноста кои ни помагаат во остварувањето на соништата.
Недела, 17 декември во кафетерија Laboratorium. Веднаш до Европски Универзитет.