Радио Милева
љубопитни додворувачи

Накова одговараше на Инстаграм прашања, па еве дали ги израдува или разочара додворувачите кога ја прашаа: „У љубов ли си уште“? (ФОТО) 

Накова одговараше на Инстаграм прашања, па еве дали ги израдува или разочара додворувачите кога ја прашаа: „У љубов ли си уште“? (ФОТО) 

Македонската убавица и топ модел Александра Накова ужива да се релаксира во сауна или парна бања, но обожава и да ги усреќи нејзините следбеници со своите жешки фотографии и фотосеанси но и со одговори на нивните Инстаграм прашања.

Па така и овој пат атрактивната гевгеличанка додека се одмораше на нејзиното омилено место, го зема мобилниот в раце и во студениот месец декември реши да ги загрее со нејзината искреност.

Најпрвин следбениците беа заитересирани дали таа внимава на исхраната па, дирекно ја прашаа:

– Убавице, дали внимаваш на исхраната, доручек, ручек, вечера?

Сепак нејзината искреност ги изненади сите кога таа  им одговори вака:

– Периодов предпразнично не внимавам баш на исхраната но, внесувам доста вода и детокс напитоци.

Секако после искреноста околу празниците следуваше и прашањето колку килограми е сега, па може да си дозволи и слобода околу калориите.

– Колку килограми си, презгодна си ?

– 53-54 килограми беше сегашниот одговор, но се надеваме ќе биде така задоволна и после овој период.

– Дали си во љубовна врска? – ја прашаа љубопитните на што таа искористи еден голем црвен знак.

X – беше децидна беше Накова, што по сите логики би требало да значи дека во моментов е соло… барем кога е во прашање сериозна врска.

Веројатно веднаш имаше заитересирани кандидати за спарување, па конекцијата преку хороскопскиот знак и подзнак  беше следно за откривање.

– Знак и подзнак?

– Лав и лав – обелодени Накова за оние кои досега не знаеле.

За годината што изминува логично е прашањето која е нејзината неостварена желба , но таа реши да се пошегува.

– Неостварена желба?

– Подобрански скок со тебе – кажа таа, веројатно затоа што со се досега е исполнета и остварена.

Фото: Printskrin/Instagram/naleksandraofficial

Останати вести од Радио Милева