Мегафон
празник

Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ

Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.

По повод Божиќ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!