Радио Милева
вози и се слика

Познатите во кампања „Го сакам градот безбеден“, само Јелена Спенџарска опасна по живот… туѓиот и својот! (ФОТО)

Познатите во кампања „Го сакам градот безбеден“, само Јелена Спенџарска опасна по живот… туѓиот и својот! (ФОТО)

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) има нова кампања за безбедно возење и движење во градска средина насловена „Го сакам градот безбеден“. На неа се приклучија голем број познати личности, јавни и популарни медиумски фаци како легендарниот радиоводител Виктор Петров – Викса, новинарките и уреднички од информативните програми и вестите на ТВ Сител – Славица Цаци Арсова и Елена Марковска од ТВ Алфа, популарната ТВ водителка Билјана Дебарлиева од Канал 5… и уште дузина други кои ја поддржуваат кампањата.

Облечени во маички со логото на кампањата тие ги постираа фотографиите на своите профили на социјалните мрежи… И додека сите го сакаат градот безбеден, една друг медиумски лик постираше нешто, со што го покажа токму спротивното –  како не треба. Водителката на Канал 5,  Јелена Спенџарска покажа дека е опасна по живот! Закана во движење и за својатат и за туѓата безбедност!

Имено беровчанката со привремена скопска адреса на живеење, жива среќна и „освежена“ додека вози велосипед си правеше селфи видео и фотографии. Со едната рака го држи гиданот, во другата мобилниот , а погледот вперен во камерата додека забрзано ги врти педалите. До душа вози по патеката на кејот на Вардар, ама што ако, кога и таму се движат и други велосипеди, се ролат ролерки, се возат скејтборди, рекреираат пешаци… а Спенџарска вози и се слика!

Очигледно, девојката со велеосипедот не го знае редот! Класичен пример за поука на помладите како не треба: „Деца, никогаш и никаде не правете го ова… Меѓу другото за да не ви се случи она како во приказната: Прво, види возам без раце, а потоа… види „вожам беж жаби“!

Останати вести од Радио Милева