Радио Милева
од трње до ѕвездите

Познатата српска пејачка минала низ голгота: Се омажила на 16 на 17 години родила па останала вдовица, немала леб да јаде, со сосетката делеле еден компир…

Познатата српска пејачка минала низ голгота: Се омажила на 16 на 17 години родила па останала вдовица, немала леб да јаде, со сосетката делеле еден компир…

Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја е родена во село Перлез крај Зрењанин. Се омажила на 16 години, а на 17  го родила синот Милан.
Две години подоцна, нејзиниот сопруг починал во сообраќајна несреќа, а Стоја и нејзиниот син морале да ја напуштат семејната куќа. Останала сама на улица со нејзиното дете.

“Немав леб да јадам, делевме  еден компир со сосетката, но секогаш имав за  моите родители кога ќе дојдеа да го посетам, имав сок и кафе.

Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и така мојата самодоверба ме туркаше напред “, вели Стоја.
Таа живеела кај пријателка кој се грижела за малиот Милан, додека  Стоја настапувала. Постепено нејзиниот бенд почнал да добива понуди за да се појави надвор од селото, па тие свиреле по кафеани, таверни, ресторани и дискотеки, забавувале гости на разни свечености и свадби.

Според неа, најдобри пријатели во нејзиниот живот и биле и останале, нејзините родители, а денес тоа е нејзиниот син.

Останати вести од Радио Милева