Радио Милева
замина

Поранешната сопруга на Џони Деп го напушти Холивуд: Еве каде сега живее озогласената Амбер Херд (фото)

Поранешната сопруга на Џони Деп го напушти Холивуд: Еве каде сега живее озогласената Амбер Херд (фото)

Холивудската актерка и поранешна сопруга на славниот Џони Деп, Амбер Херд се преселила од Калифорнија, каде што живеела, во Европа.
Колапсот на бракот на Амбер Херд и Џони Деп, како и судските постапки што следеа, а ги следеше целиот свет, се тема за нова книга. Деп ќе биде главната ѕвезда на претстојниот филмски фестивал во Кан, а Херд одлучи да го напушти Холивуд, пишува Дејли Мејл. Таа е практично отсутна од очите на јавноста по завршувањето на судскиот процес за клевета во Вирџинија минатата година, во кој беше утврдено дека го клеветела својот поранешен сопруг. Еден британски таблоид сега објави дека актерката дискретно се преселила во Шпанија со нејзината мала ќерка Уна.

– Зборува шпански и е среќна таму, ја тргна ќерка си подалеку од вревата. Мислам дека не брза да се врати на работа или во Холивуд, но веројатно ќе се врати кога ќе дојде време, за вистински проект – изјавил неименуван пријател на актерката.

Хит актерката од „Aquaman“ го продаде својот дом во Калифорнија минатиот јули за 1,1 милион долари, речиси двојно повеќе од она што го плати за тоа. Потоа, во октомври, таа беше фотографирана на плажа во Мајорка со девојката Ив Барлоу. Во тоа време се зборуваше дека живее под кирија на островот. Сепак, за Дејли Мејл е дојавено дека Амбер сега трајно се преселила во нов дом надвор од Мадрид.

Амбер Херд не работеше од „Аквамен и изгубеното кралство“ во 2021 година и нискобуџетниот трилер „In The Fire“ минатата пролет. Не е познато дали таа+- се уште е со Ев Барлоу, која остана во Лос Анџелес и работи како писателка. На Божиќ, Барлоу објави есеј во кој рече дека „го бара оптимизмот на крајот на годината што и го промени животот“, што многумина го протолкуваа како најава дека се разделила од Амбер.

Фото: Принтскрин/ ЕПА Имаџес/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева