Радио Милева
во „еротски тренд“...

Полина Тасева очигледно многу добро знае дека лезбо е во мода… особено пред „Огледало“ (ФОТО)

Полина Тасева очигледно многу добро знае дека лезбо е во мода… особено пред „Огледало“ (ФОТО)

Македонската поп пејачка Полина Тасева е едно од оние нови имиња кои важат за вистинско откритие на македонската естрадна сцена. Згодна, стројна, атрактивна, телесно и пред се’ музички и вокално надарена, од својата прва појава па се’ до денес Полина внесе свежина во етерот. Како вокално, така и визуелно со својата маркантна појава, раскошниот вокал и необичните видеа, во кои атрактивната пејачка не се срами да ги сподели и сиот свој телесен раскош. Се разбира онолку, колку што дозволуваат границите на дозираната  уметничка слобода, без да навлезат во водите на „бестијалниот невкус“.

Ако на претходниот „Макфест“ блесна како дебитант, на годинешниов фестивал на забавни мелодии во Штип, Полина својот музички израз го завери и како (ко)автор и изведувач со сопствениот одраз во „Огледало“, тема која говори за сопствената индивидуа која реалноста за себе ја гледа во огледалото соочувајќи се со неа.

Откако остави одличен впечаток иако не доби награда, младата пејачка како по обичај деновиве се впушти во визуелизација на макфестовската песна. Она што по првите кадри, овековечени во фотографиите споделени на социјалните мрежи може да се забележи, е дека Полина многу добро знае дека лезбо сцените се во мода… Особено пред „Огледало“!

Така, по примерот на македонската пејачка со српско потекло и бугарска адреса на живеење и градење кариера, Марина Тошиќ…

…Или мегаѕвездата на “Гранд“, Милица Павловиќ, чии нивни нови песни изобилуваат со лезбо сцени…

…и Полина или некој од авторската екипа решил естетиката на „еротскиот лезбо тренд“ да го преточи во уметнички момент и во видеото на „Огледало“! А во него, бареме според најавните сцени полни со убавина, да ти е милина да ги гледаш  „медените“ Ангела и Полина.

Уметничкиот момент се разбира максимално запазен, еротската компонента доволна да ги заскокотка мечтите и на мажите и на жените.

Но, дури откако ќе се појави видеото секако, допрва ќе видиме кај кого фантазијата ќе биде пуштена на… најјако!?

Вака, две доволно разголени атрактивни убавици една до друга, се доволна провокација за визуелна „еротска имагинација“ на целата популација!

Впрочем, не се сомневаме  дека Полина многу добро знае и што прави, а и како тоа се прави пред „Огледало“… Поточно, во одраз пред „Огледало“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Taseva (@polinatas)

Фото: Инстаграм принтскрин/polinatas

Останати вести од Радио Милева