Радио Милева
си беше еднаш...

Погодувате ли која позната македонска пејачка е оваа мала слатка позерка? (фото)

Погодувате ли која позната македонска пејачка е оваа мала слатка позерка? (фото)

Во 2004 година како малечко девојченце, оваа мала шармантна убавица дебитираше на детското фестивалче „Супер ѕвезда“.

Набрзо потоа почна да настапува на европски музички фестивали и да освојува награди, за во 2010 година да ја претставува Македонија на детска Евробизија во Белорусија.

Евровизиската песна „Еооо,еооо“ остана да важи за детска химна кај нас до денес и со неа растат многу дечиња.

Сигурно веќе погодувате, станува збор за Ања Ветерова.

Ања денес има 23 години, дипломираше музика на престижниот Беркли во САД каде и сега живее.

Денес Ања е израсната во маркантна девојка која заведува со глас, стас, а на својата последна објава на Инстаграм објави фотографија од себе на тригодишна возраст и на својата прва фотосесија.

Од мала со став и вистинска позерка пред фото- објективот за што потврдија и следбениците во коментарите кои и ги напишаа.

Иако најмногу е во Америка, мллата и сега голема пејачка, не го остава македонскиот музички пазар, па и српскиот, она што всушност е нејзиниот животен и професионален приоритет.

фото:Инстаграм принтскрин/Ања Ветерова

Останати вести од Радио Милева