Мегафон
007 еуфорија...

Погледнете го трејлерот за новиот филм со Џејмс Бонд – „No time to die“ (ВИДЕО)

Погледнете го трејлерот за новиот филм со Џејмс Бонд – „No time to die“ (ВИДЕО)

Објавен е трејлерот за 25 -то продолжение на Џејмс Бонд. Филмот се вика „Нема време за умирање“ ( No time to die) и ова е последното појавување на Даниел Крег „во служба на нејзиното величество“, како агентот 007.

За еден ден, трејлерот бил прегледан речиси 300.000 пати. Филмот треба да се појави во кината на 30 септември.

Фановите на филмовите за Џејмс Бонд се воодушевени од трејлерот и со нетрпение го очекуваат филмот, чија премера веќе е одложено поради пандемијата на коронавирус.

“Едвај чекам да го видам филмот. Даниел Крејг е мојот омилен Бонд”, “Го чекавме ова со години. Се надевам дека ова ќе биде епски завршеток на Даниел Крејг како Џејмс Бонд”, “Ова за филмот изгледа премногу добро. Ќе го гледам штом ќе излезе. “,” Премногу сум возбуден “,” Конечно нешто оваа година да очекувам со нетрпение “, се само некои од многуте коментари на фановите.

Во ова продолжение, Бонд ја напушта активната служба и се посветува на мирен живот во Јамајка. Но, неговиот мир не траел долго. Во трејлерот, Џејмс Бонд се соочува со непријателот Ернст Ставр Блофелд, кој го игра Кристоф Валц.

Видеото исто така го прикажува агентот од 00 Номи, кој го игра Лашана Линч. Во трејлерот се прикажани и Ана де Армас, како оперативец на ЦИА, Палома, и негативецот Сафин, кој го игра Рами Малек. Во ова продолжение се појавува и Медлин Свон, која ја игра Леа Сејду, со која агентот 007 избегал во филмот Спектар.