Мегафон
светот во солзи

Почина кралицата на поп – рок и соул музиката Тина Тарнер (фото)

Почина кралицата на поп – рок и соул музиката Тина Тарнер (фото)

Прославената американска поп-рок и соул пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во Куснахт кај Цирих, Швајцарија соопшти нејзиниот претставник за медиумите.

Тина Тарнер ја започна својата меѓународна кариера настапувајќи во 1960-тите со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кого заради физичкото и ментално малтретирање се разведе во 1978 година и продолжи да постигнува уште поголем успех како соло уметник, според Би-Би-Си.

Нејзиниот портпарол во соопштението изјави:

– Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во својот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.

Во последните години од својот живот, Тина Тарнер, страдаше од бројни здравствени проблеми поврзани со канцерогено боледување, мозочен удар и откажување на бубрезите.

Музичката ѕвезда со американско потекло беше една од најомилените рок пејачки. Таа е позната по својата харизма на сцената и низата хитови: “The Best”, “Proud Mary”, “Private Dancer” i “What’s Love Got To Do With It”.

Кралицата на поп-рок и соул музиката, Тина Тарнер се прослави со своите жестоки и интензивни настапи во живо, како и впечатливиот глас.

Фото: Принтскрин/АП Фото