Радио Милева
подновена

По свадбата во Германија, Анета се врати дома и запеа во „Мерак меана“ каде изненади со новиот младешки имиџ (фото)

По свадбата во Германија, Анета се врати дома и запеа во „Мерак меана“ каде изненади со новиот младешки имиџ (фото)

Со или без група „Молика“, Анета Љуманковска екс Мицевска постојано има ангажмани.

Неодамна пееше на свадба во Германија заедно во кремот на српската естрада, меѓу кии беа Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ…

Таму Анета се појави со поинаков имиџ, односно нова фризура, пократка и поразлична од порано. Велат дека жените ја менуваат фризурата кога им се случува нешто големо во животот, а на Анета и тоа како и се случи со разводот по две ипол децении брак со колегата и сега екс- сопруг Џими Мицевски.

Сега таа новииот освежен имиџ го промовираше и пред камерите на фолк емисијата „Мерак меана“ и пред своите колеги таму.

Облечена во црвен елегантен комплет, Анета позираше за на социјалните мрежи каде редовно добива ласкави комплименти.

Колешките Даниела и Марија исто така позираа заедно со неа и напишаа по некој комплимент и емотикон.

За потсетување, Анета и Џими како што изјавија претходно, ќе настапуваат заедно како Анета и „Молика“ на сите договорени настапи се до месец август следната 2024 година.

фото:Инстаграм принтскрин/Анена Љуманковска

Останати вести од Радио Милева